Македонија овие денови се бори со големи пожари, а во помошта која е потребна од сите страни се вклучи и тимот на ФК Кит-Го Пехчево.
Тие одлучија да го одолжат пријателскиот натпревар со Детонит кој беше сакажан и својот стадион да го стават на располагање на австриските пожарникари.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Наспроти активниот подготвителен период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, нашиот клуб демонстрирајќи максимална општествена одговорност се одлучи да се стави во функција на заедницата.Раководството на ФК Кит-Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на австриските пожарникари кои допатуваа во Македонија на помош за справување со огнената стихија која владее во Малешевијата.Токму поради тоа одложен е и за денеска предвидениот пријателски натпревар меѓу Кит Го и Детонит јуниор кој требаше да се игра во Пехчево“, соопштија од КИТ ГО