Дома Останати Авто Мото Ферстапен ја освои пол-позицијата во Бахреин

Ферстапен ја освои пол-позицијата во Бахреин

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на првата сезонска трка во Формула 1 шампионатот што утре ќе се вози за Големата награда на Бахреин. 

Возачот на Ред Бул беше најбрз во денешните квалификации со време 1:29.179 на стазата „Шакур“. Ова за Ферстапен е 33. пол позиција во кариерата со што се израмни со Џим Кларк и Ален Прост.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во првиот стартен ред на бранителот на шампионска титула друштво ќе му прави Шарл Леклер од Ферари. Трето време имаше пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел. Потоа следува Карлос Сајнц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, а најдобрите десетмина ги комплетираат двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…