Дома Трансфер зона Фердинанд со порака до раководството: Ед да не си се осмелил! (фото)

Фердинанд со порака до раководството: Ед да не си се осмелил! (фото)

Пол Погба овие денови на големо се поврзува со трансфер во Барселона, во медиумите се појавија и информации дека Французинот се договорил со каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По повод ваквата ситуација се огласи и легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Човекот кој долги години ги бранеше боите на „клубот од „Олд Трафорд“ испрати директна „закана“  до сопственикот на клубот, Ед Вудворд. Покрај тоа му препорача и да го доведе Тоби Алдервилд од Тотенхем.

„Да не си се осмелил Ед. Манчестер Јунајтед е домот на Погба. Стиши ги овие шпекулации и донеси го Тоби Алдервилд“- порача Фердинанд.

Кога во прашање се засилувањата, Манчестер Јунајтед има само уште два дена време со оглед на тоа дека преодниот рок во Англија завршува на 9-ти август во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…