Дома Фудбал ФА жестоко го казни Арсен Венгер!

ФА жестоко го казни Арсен Венгер!

Фудбалската федерација на Англија го казни тренерот на Арсенал, Арсен Венгер со три натпревари забрана за водење на екипата.

Причината за казната е тоа што менаџерот на Арсенал го навредуваше судијата после натпреварот со ВБА, кој заврши со 1:1.

Потсетуваме, „топџиите“ на тој натпревар останаа без победа бидејќи судијата Мајк Дин во самиот финиш досуди пенал за домаќините откако топката го погоди во рака Калум Чемберс.

Венгер жестоко протестираше на таквата одлука, па поради тоа нема да може да го предводи својот тим на следните три натпревари.

Приврзаниците на Арсенал жестоко реагираа на социјалните мрежи поради ваквата одлука на ФА и порачаа дека судијата Мајк Дин е тој кој што треба да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл и Астон Вила го следат Нгој, Лил би барал 40 милиони евра

Белгискиот дефанзивец е на радарот и на Милан и ПСЖ. Англиските клубови размислуваат за ле…