Дома Фудбал Фантастични вести за Јуве, „бјанконерите“ со сите сили на Реал!

Фантастични вести за Јуве, „бјанконерите“ со сите сили на Реал!

Фановите на финалистот од Лигата на шампионите можат да воздивнат, Сами Кедира не е потешко повреден.

Германецот ќе биде спремен за спектаклот во Кардиф. Кедира заработи повреда на задната ложа во натпреварот против Монако, но после деталните прегледи се покажа дека не се работи за ништо сериозно.

Кедира реваншот против францускиот претставник мораше да го напушти после само 10 минути игра.

„Добри вести. Повредата не е сериозна, ќе одморам неколку дена, а потоа повторно ќе бидам на располагање“, потврди Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за левата страна: Скаутите го следат Нагида од Рен

Младиот камерунски бек е меѓу опциите за засилување на одбраната на Јунајтед, но неговиот …