Дома Македонски спорт Фабрицио Романо објави зошто Миовски ја избрал Жирона

Фабрицио Романо објави зошто Миовски ја избрал Жирона

Бојан Миовски вчера се збогуваше со навивачите на Абердин, а детали за неговиот трансфер денеска потврди и познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Италијанскиот инсајдер објави дека Абердин ќе добие сума од осум милиони евра што ќе биде рекордна продажба за шкотскиот клуб.

Исто така се наведува дека е пресудно во одлуката на Миовски да потпише за Жирона било играњето во Лигата на шампионите.

Комплетирање на трансферот се очекува во најбрз можен рок, а Жирона сезоната ја започнува в четврток во натпревар против Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…