Дома Топ вести Уште едно изненадување од Манчестер Сити: Бернардо Силва како Кансело!?

Уште едно изненадување од Манчестер Сити: Бернардо Силва како Кансело!?

Вчера силно одекна најавата дека Жоао Кансело (тука) ќе го напушти Манчестер Сити и денес во последниот ден од преодниот рок ќе ја комплетира позајмицата во Баерн Минхен.

Сепак, сега португалскиот новинар, Педро Алмеида објави дека слична ситуација може да се случи и со Бернардо Силва. Португалецот би можел да си замине од Сити по иста формула како и Кансело, позајмица со право на откуп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Беше блиску Силва до заминување и минатото лето, но остана иако беше незадоволен. Во новата година Пеп повеќе веруваше на тандемот Де Брујн-Гундоган на средината, додека на страничната позиција каде што играч Силва предност добиваше Ријад Марез.

Засега не се открива потенцијалниот клуб на Силва, но поради ситуацијата минатото лето во прв план се споменува Барселоан. Исто така позајмицата е единствениот начин на кој Барселона би можела да го доведе во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…