Дома Видео Урнебесно: Играч на Свонси му покажа жолт картон на судијата

Урнебесно: Играч на Свонси му покажа жолт картон на судијата

Рајан Брустер, иако немаше никаква улога во освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул минатата сезона, доби медал како рамноправен член на составот бидејќи седеше на клупата на тој натпревар.

Младиот Англичанец навистина немаше шанси да избори место во тимот на Јирген Клоп, па беше испратен на позајмица во Свонси овој јануари.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


Се споменува цифра од четири милиони евра, која велшкиот тим ја плати на Црвените за неговите услуги до крајот на сезоната. За својот нов клуб младиот Англичанец настапи на два натпревари, а последниот ќе биде запаметен по еден урнебесен потег.

Судијата на натпреварот, Грегори Елтрингем во еден момент го загуби жолтиот картон, а од теренот го зема Брустер и истиот на шега му го покажа на судијата, што предизвика смеа кај сите присутни на стадионот.

Ситуацијата да биде уште по интересна, судијата за неколку минути му покажа жолт картон, но не на шега, туку оправдано поради еден остар старт на средината на теренот.

Ситуација која немаме прилика да ја видиме секој ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реми меѓу Швајцарија и Шкотска

Шкотска и Швајцарција вечерва одиграа реми без победник 1:1, па Швајцарците со ова реми ст…