Дома Фудбал Унаи Емери експресно си најде нов клуб

Унаи Емери експресно си најде нов клуб

Унаи Емери на крајот на ноември доби отказ од Арсенал по серијата лоши резултати и така после нешто повеќе од година и пол ги напушти „топџиите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Емери после тоа се поврзуваше со Евертон, но на крајот овој клуб одлучи да го ангажира Карло Анчелоти за нов тренер.

Сега, како што пишуваат француските медиуми, Монако воспоставил контакт со поранешниот тренер на Арсенал за да се обиде да го ангажира.

Наводно 48-годишниот стратег е фаворит за превземање на францускиот клуб кој исто така ги контактирале и поранешниот тренер на Валенсија, Марселињо и Лорен Блан.

Доколку Емери успее да се договори со Монако, тоа нема да му биде прв пат да води некој француски клуб бидејќи од 2016-та до 2018-та го предводеше ПСЖ од каде направи трансфер во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…