Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА смисли план како да се завршат Лигата на шампионите и Лигата на Европа

УЕФА смисли план како да се завршат Лигата на шампионите и Лигата на Европа

За во вторник е закажана видео-конференција на 55. членки на УЕФА и на таа конфереција ќе се решава што понатаму.

Ситуацијата коронавирусот направи невиден хаос во европскиот фудбал голем број национални првенства ја прекинаа сезоната. Премиер лигата вчера објави дека тие ќе играат, но потоа беше потврдено дека тренерот на Арсенал, Микел Артета и фудбалерот на Челзи Калум Хадсон Одои се позитивни па продолжувањето на сезоната се става под голем знак прашалник.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


УЕФА пак размислува како да се завршат Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

„Скај Спорт“ објави дека УЕФА има план да направи систем само за оваа сезона во кој во четвртфиналето и полуфиналето место по два натпревари ќе се игра само по еден на неутрален терен.

Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 30. мај во Инстанбул, додека последниот натпревар во ЛЕ сезонава треба да се одигра три дена подоцна во Гдањск.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…