Дома Фудбал УЕФА одреди краен рок за завршување на националните првенства

УЕФА одреди краен рок за завршување на националните првенства

УЕФА пред две недели донесе одлука да се одложи играњето на Европското првенство за следното лето за да може да се завршат клупските натпреварувања.

Пандемијата на коронавирусот направи хаос во цела Европа, па беа прекинати речиси сите натпреварувања. Клубовите бараа одложување на ЕП за да може сезоната да заврши, а тоа на крајот го прифати и УЕФА.

Меѓутоа, засега нема шпекулации кога сезоната би можела да продолжи затоа што пандемијата на вирусот и понатаму трае. Клубовите се надеваат дека во мај би можеле да продолжат првенствата, но тоа засега не е потврдено.

Првичниот план беше сите клупски натпреварувања да се завршат до крајот на јуни, но сега е веќе јасно дека такво нешто не е можно. Во УЕФА се плашат дека натпреварите би можеле да се играат цело лето, а тоа може да наштети на следната сезона.

УЕФА на клубовите им даде наредба да ги завршат сите натпревари од сезонава до почетокот на август, за фудбалерите да добијат малку одмор, а следната сезона да започне на крајот на август или почетокот на септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…