Дома Фудбал УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА денес објави дека јуниорската Лига на шампиони за сезоната 2020/2021 е откажана.

Европската фудбалска федерација прво го одложи почетокот на натпреварувањето поради пандемијата со коронавирусот, потоа беше променет форматот. Поради краткото време се донесе одлука веднаш да се игра нокаут фаза без групната фаза.

Меѓутоа бидејќи ситуацијата со коронавирусот во бројни земји се уште не се смирила и постои опасност од зараза, УЕФА одлучи оваа сезона тоа натпреварување да не се игра.

Младинскиот тим на Шкендија ова натпреварување требаше да го започна на 2 или 3 март против тимот на Габала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…