Дома Фудбал УЕФА воведува ново клупско натпреварување

УЕФА воведува ново клупско натпреварување

Новото натпреварување би можело да стартува од 2024 година, откако претходно беше договорен новиот формат на Лигата на шампионите, а на мини турнирот би се натпреварувале четири клуба на фајнл-фор.

Суперкупот на Европа нема да се укине, но повеќе нема во него да играат победникот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, туку победикот на Конференциската лига ќе игра против победникот во Лигата на Европа.

Според првите најави турнирот најверојатно би се одржал во САД. Ова на некој начин е одговор на најголемите клубови кои во текот на летото одат на турнеи надвор од Европа со цел да заработат.

Кој би учествувал на овој турнир?

Место сигурно би имало за освојувачот на Лигата на шампионите, а преостанатите три екипи би биле најдобрите во новиот формат на Лигата на шампионите. УЕФА на овој начин сака да им даде мотив на клубовите да се борат и за што подобар пласман во најелитното европско натпреварување, да не биде важен само трофејот.

Турнирот би се играл во август со две полуфиналиња и финале. Идејата е веќе прифатена од клубовите и од натпреварувачката комисија, па се чека и официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…