Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн ќе го пропушти утрешното дерби со Манчестер Јунајтед, како и сите натпревари од Премиер лигата до крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот се повреди за време на натпреварот против Тоѕенхем овој викенд. Се претпоставува дека Де Брујн ќе биде надвор од терените најмалку две недели, пред да им се врати на тренинзите.
Меѓутоа, во таборот на Манчестер Сити се надеваат дека тој ќе се опорави за финалето од ФА Купот против Ватфорд.
Бенџамин Менди исто така е под знак прашалник за утрешното дерби на „Олд Трафорд“, откако го пропушти последниот тренинг на „граѓаните“.