Дома Македонски спорт Убави вести: Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со директен пренос на МТВ!

Убави вести: Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со директен пренос на МТВ!

Последните два натпревари од групната фаза во Лигата на Нации во кои ќе играме против Грузија и Бугарија ќе ги гледаме во директен пренос на МТВ.

Уредникот на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски потврди дека националниот сервис ги обезбедил правата за емитување на овие два последни натпревари.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Претходно сите натпревари се следеа на Арена Спорт каде што домашните средби ги слушавме со македонски коментатор, меѓутоа тоа е канал кој не е достапен за целата популација на Македонија.

Против Грузија ќе играме утре во Тбилиси од 18:00 часот, додека натпреварот против Бугарија е закажан за во понеделник во Скопје од 20:45 часот. Македонија во овој момент е на втората позиција во групата со седум бодови, Грузија е лидер со 10, Бугарија зад нас има три и Гибралтар е последен со еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…