Дома Фудбал „Тухел требаше да добие отказ, тој е единствен кој профитираше од ситуацијата во Челзи“

„Тухел требаше да добие отказ, тој е единствен кој профитираше од ситуацијата во Челзи“

Челзи оваа сезона се соочи со санкции од Велика Британија поради рускиот газда Роман Абрамович кој на крајот мораше да го продаде клубот.

Поранешниот фудбалер кој долго време настапуваше во Премиер лигата Габриел Агбонлахор истакна дека Томас Тухел е единствениот човек кој профитирал од таквата ситуација, според него во други околности Германецот ќе добиел отказ.

„Според мене Челзи сезонава потфрли. Во било какви други околности Абрамович ќе го обвинеше Тухел за резултатите. Челзи има играчи од топ класа како Зијеш, Хаверц, Лукаку, Пулишиќ…Со такви врвни играчи се само на еден бод од Арсенал, погледнете го нивниот состав. Тухел треба да биде среќен што се уште е тренер на Челзи“, изјави поранешниот фудбалер.

Сепак, треба да се потсети и дека Челзи и во ваква ситуација се избори за финале во ФА Купот каде што ќе игра против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…