Дома Фудбал Англија Тухел: Се надевам дека ќе соберам 11 фудбалери за следниот меч

Тухел: Се надевам дека ќе соберам 11 фудбалери за следниот меч

Челзи одлично ја започна сезоната но во последно време има пад на формата, а причина за тоа се и многуте отсуства.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ имаат проблем со неколку позитивни фудбалери на Ковид, па тренерот Тухел има големи проблеми при составување на тимот.

„Треба да останеме позитивни и да се надеваме дека ќе можеме да собереме 11 фудбалери за следниот меч со Вулверхемптон. Во моментов Хаверц е спремен откако тестот покажа дека е негативен, Ковачиќ ги обнови тренинзите, но Жоржињо е под знак прашалник“.

„Сметам дека Премиер лигата треба да внесе повеќе јаснотија околу протоколите, за да им биде јасно на сите, бидејќи сега многу работи се измешани. Ги знам правилата и мора да ги почитуваме“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …