Дома Трансфер зона Турски клуб создава тандем Менез – Ето!

Турски клуб создава тандем Менез – Ето!

Анталиспор наредната сезона ќе има страшен напад.

На официјалниот твитер профил на турскиот прволигаш, Анталиспор е потврдено дека нивно ново засилување е Жереми Менез.

30 годишниот напаѓач во Турција пристигнува од Бордо. За Француциот ова ќе биде негов седми клуб во кариерата претходно настапуваше за: Сошо, Монако, Рома, ПСЖ, Милан и Бордо.

Интересно е што Менез е најмладиот дебитант во историјата на француската прва лига каде што дебитираше на само 16 години како член на Сошо.

Менез беше и репрезентативец на Франција во периодот од 2010 до 2013 година, запиша 24 настапи и постигна два погодоци. Беше дел од Европското првенство во Полска и Украина кое Французите настапот го завршија во групната фаза.

Вреди да се спомене дека тука соиграч во нападот ќе му биде поранешниот голгетер на Барса и Интер, Самуел Ето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фенербахче испратил официјална понуда за Алиоски?

Иднината на Езгјан Алиоски не е јасна, се уште не се знае дали Џани ќе го продолжи договор…