Дома Фудбал Српски клуб се бори за опстанок, па го ангажираше… Аца Лукас!

Српски клуб се бори за опстанок, па го ангажираше… Аца Лукас!

Српскиот фудбалскиот клуб Динамо Врање, денес ги именуваше популарниот пејач Аца Лукас за нов потпрецедател на клубот, пренесуваат српските медиуми.

Турбофолк ѕвездата ќе се обиде да му помогне на тимот од Врање да избори опстанок во српската елита, а моментално се наоѓа на последното место на табелата.

„Точно, се договоривме да бидам потпретседател на клубот. Главната цел е да избориме опстанок во првата лига“, изјави Аца Лукас.

Динамо Врање е убедливо на последното место на табелата со само 10 бодови. Меѓутоа, новиот потпретседател најави дека ќе бидат донесени засилувања во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…