Дома Фудбал Тудор го раскина договорот со Јувентус, самостојно ќе води клуб во Серија А

Тудор го раскина договорот со Јувентус, самостојно ќе води клуб во Серија А

Oтказот кој во Верона го доби Еусебио Ди Франческо после само три натпревари веројатно е причина што Игор Тудор го раскина договорот со Јувентус.

Тудор во Јувентус беше асистент на Пирло. Од саминувањето на Пирло не работеше во клубот но беше под важечки договор. Денес тој договор е раскинат.

Сега кога не е под договор со Јувентус може да ја преземе Верона. Се очекува Верона да го потврди како нов тренер во текот на денот или најдоцна утре.

Договорот би требало да биде потпишан до крајот на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред заминување? Евертон веќе разговара со Јунајтед

Евертон и Манчестер јунајтед наводно отвориле разговори за Маркус Рашфорд пред јануари, но…