Игор Тудор е пред преселба во Јувентус каде што треба да биде дел од стручниот штаб на Јувентус, меѓутоа работите не одат лесно како што изгледаа на почетокот.
Тудор наводно изразил желба да го напушти Хајдук и да му се придружи на Пирло во Јувентус, но Хајдук прави проблем затоа што бара оштета од еден милион евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Торински „Тутоспорт“ објави дека Јувентус се обидува да се договори за пониска сума и преговорите на двете страни се во тек.
Игор Тудор најголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус каде што настапуваше од 1999 до 2007 година, а пред тоа да го облече дресот на клубот од Торино ги бранеше боите токму на сплитскиот клуб.
Тудор во ноември минатата година доби отказ во Удинезе, а од јануари го превзема Хајдук.
Во стручниот штаб на Пирло ќе биде и Роберто Баронио кој своевремно го водеше младинскиот тим на Наполи. Значи и стручниот штаб на Јувентус ќе биде без многу искуство. Пирло испитот за ПРО лиценца ќе го има во септември, до тогаш ќе може да ја води екипата само во Серија А, па техничи прв тренер на Јувентус во Лигата на шампионите ќе биде Баронио.