Дома Македонски спорт Три клуба од Серија Б во борба за потписот на Нестор

Три клуба од Серија Б во борба за потписот на Нестор

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски не игра многу во Удинезе, а еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио најавува негово заминување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Несторовски истекува на крајот од сезоната, меѓутоа според Ди Марцио Нестор може да замине и порано. Наводно, во својата екипа Несторовски сака да го види Пипo Инзаги кој ја води Реџина.

Реџина била најсериозна, но интерес покажале уште Модена и Венеција.

Тимот на Реџина можеби би била и најпримамливата опција за прилепчанецот затоа што станува збор за тим кој е второпласиран и се бори за промоција во Серија А.

Од друга страна Модена е десетта и еден бод заостанува зад плеј-оф позициите. Венеција е во долниот дел од второлигашката табела и ја чека борба за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…