Дома Фудбал Три имиња во игра за наследник на Пирло

Три имиња во игра за наследник на Пирло

Италијанските медиуми најавуваат дека Андреа Пирло наскоро би можел да добие отказ на клупата на Јувентус.

На Јувентус не му оди и „старата дама бележи разочарувачки резултати, а после поразот од Беневенто за викендот низ италијанските медиуми може да се прочитаат многу најави за отказ на Пирло. Сега се појавија и имиња на тројца стратези кои би можеле да го наследат.

Според информациите Џан Пјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети се тренерите кои можат да го наследат Пирло.
Сепак се наведува дека во Јувентус конечно решение за отказ на Пирло се уште нема, но очекувањата се тоа да се случи ако тимот не ја подигне формата во следните натпревари.

Јувентус во овој момент е на третата позиција во Серија А со десет бода заостанување зад лидерот Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…