Дома Фудбал Три големи ривали во битка за потписот на Депај

Три големи ривали во битка за потписот на Депај

Мемфис Депај е во групата звучни имиња на кои за неколку месеци им истекува договорот и можат да заминат без обештетување.

Депај го посакуваат многу клубови, а трите најголеми италијански клубови ја водат главната битка за Холанѓанецот.

Француските медиуми известуваат дека за репрезентатаивецот на Холандија сериозен интерес покажале Милан, Интер и Јувентус.

Великаните од Апенините оваа сезона се изедначени и сигурно Депај ќе има потешкотии за тоа кој клуб да го избере.

Инаку, овој 26-годишен играч прикажува добри игри во дресот на Лион кој е прв на табелата во Лига 1. До сега постигна 10 лигашки погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…