Дома Македонски спорт Мак фудбал Тричковски: Докажавме дека сме зрели за вака големо натпреварување

Тричковски: Докажавме дека сме зрели за вака големо натпреварување

Репрезентацијата на Македонија на 13-ти јуни во Букурешт го игра првиот натпревар против Австрија на Европското првенство.

Иван Тричковски ги сподели своите очекувања од натпреварот кој ужива во припремата на натпреварот и вели дека притисокот го претвориле во мотивација.

„Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството“, истакна Тричковски.

„Точно е дека загубивме двапати од Австрија, но тие порази може само да не мотивираат, по тие мечеви се консолидиравме и почнавме да играме подобро, дојдоа подобри резултати. Покажавме дека сме зрели за вака големо натпреварување“, додаде Тричковски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсими бара прекин на поразите, Демири со Шкендија доаѓа по бодови во Гостивар

Шкендија Арачиново сака да го продолжи позитивниот резултатски ритам, а Арсими бара одгово…