Дома Трансфер зона Трио-фантастико во Милан: Тој, Пјонтек и Пакета

Трио-фантастико во Милан: Тој, Пјонтек и Пакета

0

Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.

Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и буквално го променија ликот на „росонерите“ со својот квалитет.

Пјонтек е вистински хит, но критичарите се сложуваат дека клучно засилување на „росонерите“ е Лукас Пакета кј му донесе голем квалитет на средниот ред.

Бразилскиот талент вендаш се вклопи во италијанскиот фудбал и брилјира во дресот на Милан, што е уште еден доказ дека Леонардо одлично го познава бразилскиот пазар и бразилските таленти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо сака во летниот преоден рок да донесе уште една бразилска ѕвезда на „Сан Сиро“, а станува збор за Евертон, кој го носи дресот на Гремио.

Овој 22-годишен крилен напаѓач е мета на многу европски гиганти и веќе дебитираше за бразилската репрезентација, но последните информации се дека „росонерите“ ги започнале преговорите.

Евертон има откупна клаузула до 80 милиони евра, но Леонардо се обидува да го договори трансферот за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Фудбалерот и самиот призна дека започнал преговори со Милан и дека би бил среќен доколку се пресели на „Сан Сиро’.

„Многу сум среќен за интересот од страна на Милан. Тој е еден од најголемите клубови во светот. Ќе видиме што ќе се случи. Зборував со Пакета, ако преговорите завршат како што треба ќе бидеме соиграчи“, откри Евертон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти: Икарди? Не ме интересира!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти денес на пресконференцијата пред мечот со Фиорентина од…