Дома Трансфер зона Тренерот на Динамо го потврди трансферот на Олмо – во игра и Челзи

Тренерот на Динамо го потврди трансферот на Олмо – во игра и Челзи

Хрватските медиуми, предводени од „Спортске Новости“ и понатаму се упорни дека Дани Олмо ќе потпише за Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После веста која се појави во средата навечер дека Олмо е пред потпис со Милан, вчера следуваше демант од луѓето во Милан, но веќе денес Хрватите одново тврдат дека трансферот е пред реализација.

Олмо не беше во составот за денешниот пријателски меч на Динамо Загреб, а тренерот Бјелица потврди дека Шпанецот не игра поради преговорите за негово заминување.

„Дани не играше денес, а нема да игра ниту утре. Не сакаме да ризикуваме, во моментов се во тек преговори за негов трансфер“, потврди Бјелица.

Хрватските медиуми пренесуваат дека и Челзи се вклуил во трката за неговиот потпис, но Милан е во пол-позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…