Дома Македонски спорт Тренерот на Абердин со нови информации за повредата на Миовски – ќе го имаме ли во јуни?

Тренерот на Абердин со нови информации за повредата на Миовски – ќе го имаме ли во јуни?

Пред два дена македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски заработи повреда во натпреварот за Абердин и како што стојат работите тешко дека ќе може да и помогне на Македонија во натпреварите со Украина и Англија.

Менаџерот на Абердин Боби Робсон за шкотските медиуми најави дека Миовски веројатно ќе биде спремен за предсезоната.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Првиот скрининг покажа дека има многу помали проблеми од претходно. Се надеваме дека не е лошо како што се стравуваше. Повеќе ќе знаеме по специјалистичките прегледи кои се закажани за понеделеник, веруваме дека ќе го имаме Миовски порано од она што во прв момент мислевме“, изјави Робсон.

Во понеделник ќе се знае дали Миовски ќе биде спремен за двата важни квалификациски натпревари на Македонија, Украина во Скопје ни гостува на 16-ти јуни, а три дена подоцна ние гостуваме во Манчестер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…