Дома Македонски спорт Треневски: Елмас ќе биде еден од најдобрите во историјата на македонскиот фудбал

Треневски: Елмас ќе биде еден од најдобрите во историјата на македонскиот фудбал

Виктор Треневски кој го тренираше Елиф Елмас во Работнички за наполитанските медиуми зборуваше за македонскиот фудбалер.

На последните два натпревар Елмас постигна го, а посебно воодушеви со последниот против Парма кога изрежира ден одличен соло продор.

Наполитанските медиуми по тој гол на Елмас разговараа со Виктор Треневкси.

„Елмас ќе биде еден од најдобрите во историјата на македонскиот фудбал, рамо до рамо со Дарко Панчев и Горан Пандев. Тоа го зборувам од пред пет години. Тој е причината што прифатив да бидам тренер на Работнички. Не знам како е во Наполи, но во Работнички секогаш го даваше најдобро од себе на тренинзите. Правеше се што ќе му кажете, ако треба ќе направеше и пет тренинзи во еден ден. Станува збор за едно посветено момче, кој е едуциран и поврзан со својата фамилија“.

„Можеби треба да се подобри во завршницата од акциите, но има одлична техника и е разновиден. Многу зависи од тоа на која позиција игра, а може да игра повеќе. Елмас ме потсетува на Савичевиќ, Хамшик и Сон. Секогаш верував во него и очекувам уште многу, верувајте ми ќе експлодира на Европското првенство“.

„Со голот против Парма ме потсети на Пандев. Тренерот и соиграчите треба да веруваат во Елмас, не сум зборувал со него затоа што не сум му потребен, понекогаш разговарам со неговиот татко“, изјави Треневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…