Второлигашот Кожуф денес именуваше нов тренер откако пред неколку дена од клупата на клубот од Гевгелија си замина Ѓоре Јовановски.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нов тренер на Кожуф е Трајче Сенев. Во клубот очекуваат тренерска смена да донесе позитивен шок. Со големи амбиции Кожуф ја стартуваше сезоната во која подоцна се соочи со проблеми.




Во овој момент тимо се наоѓа на десеттата позиција после осум одиграни натпревари. Минатото коло славеа против Каменица Саса со 3:2.