Дома Топ вести Трансфер кој ќе ја смени историјата: Барса добива 222 милиони, Нејмар 42 милиони годишно!

Трансфер кој ќе ја смени историјата: Барса добива 222 милиони, Нејмар 42 милиони годишно!

Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе Нејмар во своите редови и е спремен повторно да тргне во „лов“ на ѕвездата на Барселона.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Неодамна агентот на Нејмар откри дека „свеците“ биле спремни во летниот преоден рок да ја активираат откупната клаузула во договорот од 200 милиони евра и му нуделе цело богатство на Бразилецот.

Сепак, Нејмар се одлучи да потпише нов договор со Барселона кој му гарантира плата од 25 милиони евра годишно до 2021 година.

Меѓутоа и во новиот договор постои откупна клаузула која изнесува 220 милиони евра и секоја година додатно ќе се зголемува се до 250 милини евра во 2020 година.

Медиумите тврдат дека ПСЖ не се откажува од Нејмар и прави се за да го убеди играчот да се пресели во Париз бидејќи се спремни да ја платат откупната клаузула.

Последната понуда до Бразилецот изнесува 42 милиони евра годишно, плус процент од ланец хотели кои ќе го носат неговото име. Останува да бидиме дали Бразилецот сепак на крајот ќе се согласи да трансферира во ПСЖ.

Доколку се случи тоа наредното лето ќе бидеме сведоци на рекорден трансфер кој ќе изнесува 222 милиони евра, скоро двојно повеќе од актуелниот рекорд кој го држи Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лажниот Нејмар е сензација во Катар🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! На еден од натпр…