Дома Фудбал Трансферот на Санчо пропадна, но Јунајтед има план Б

Трансферот на Санчо пропадна, но Јунајтед има план Б

Откако од Борусија Дортмунд стигна најава дека Џејдон Санчо ќе остане во клубот и наредната сезона, Манчестер Јунајтед мораше да го смени планот.

Планот А беше Санчо, но кога тој пропадна – следува план Б. Како што пренесуваат бројни медиуми во Италија и Англија, тоа ќе биде младиот напаѓач на Фиорентина, Федерико Киеса.

„Планираме иднина со Санчо. Ќе игра за нас следната сезона. Одлуката е конечна и мислам дека тоа е одговорот на сите прашања.“ – изјави директорот на Дормунд и ги разочара навивачите на Црвените ѓаволи.

Киеза, кој две години е постар од Санчо, може да игра на сите позиции во нападот и поради тоа фудбалските великани се заинтересирани за него. Фиорентина својот играч е подготвена да го пушти за 60 милиони евра.

Тоа е двојно помалку од сумата која Јунајтед требаше да ја плати на Борусија за Санчо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…