Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 17ти јануари: Се чека трансферот на Игуаин!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 17ти јануари: Се чека трансферот на Игуаин!

0
transferi

Веќе измина првата половина од зимскиот преоден рок, Спортски.мк и денес е тука да ви ги пренесува случувањата на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

– ГЛАВНАТА ВЕСТ УТРОВО ЈА ПРЕНЕСЕ „СКАЈ СПОРТ“: Според нив Гонзало Игуаин е нов фудбалер на Челзи! (ОВДЕ)

– Поради се поверјатниот трансфер на Игуаин, станува јасно и дека Мората со сигурност заминува од Челзи. Фаворит за негово доведување засега е Атлетико Мадрид.


Следете го Sportski.mk и на


– OФИЦИЈАЛНО: Кико Касиља го комплетираше трансферот во Лидс. Потпиша договор на четири ипол години.

– На Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед одредил цена за Маруан Фелаини и истата изнесува 17 милиони евра.

– ПАДНА ДОГОВОР: Договорот кој се најавуваше вчера денес е постигнат. Манчестер Сити го доведува 18 годишниот Анте Палаверс од Хајдук за сума од осум милиони евра.

– ОФИЦИЈАЛНО: Муса Дембеле го напушти Тотенхем и се пресели во Гвангжу Евергранде.

– Во последните денови се појавија шпекулации дека Фелипе Кутињо би можел да ја напушти Барселона и да се врати на Островот. Се споменуваа Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но „Телеграф“ денес пишува дека од тоа нема да има ништо.

– Eкипата на Рома сериозно размислува за ангажман на дефанзивецот на Интер, Миранда.

Златан Ибрахимовиќ повторно се поврзува со враќање во Премиер лигата! (OВДЕ)

– Бешикташ и Шалке преговараат за ангажман на Јехвен Конопјанка. Турските медиуми пишуваат дека овој трансфер би можел да биде реализиран за сума од 12.5 милиони евра.

ИГУАИН ДОБИ ПРАШАЊЕ ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО ЧЕЛЗИ

„Дали сте среќен што повторно ќе соработувате со Сари во Челзи?“, го запраша еден новинар Игуаин.

„Ако сакате да направите хаос јас не сум вистинскиот човек за тоа“, одговори напаѓачот.

Огнен Врањеш, босанскиот фудбалер од Андерлехт кој овие денови е во центарот на вниманието поради скандалот со Јелена Карлеуша би можел да остане без клуб. Андерлехт ќе се обиде да го продаде, а доколку не успее ќе биде отпуштен, пишуваат медиумите во Белгија.

– СУДБИНАТА НА ИКАРДИ СЕ РЕШАВА УТРЕ! (ОВДЕ)

– Триаголник Пијатек – Мората – Игуаин: СЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ГОТОВО ЗА 48 ЧАСА! (ОВДЕ)

– Официјално: Манчестер Јунајтед го доведе 16 годишниот Ноам Емеран, за кого претходно интерес покажуваа ПСЖ и Јувентус. Овој фудбалер досега беше член на француски Амиен.

– Изненадување: „Дејли Стар“ пишува дека Мануел Пелегрини во Вест Хем сака да го доведе Един Џеко од Рома.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар денес во натпревар со две лица запиша пораз од тимот…