Дома Топ вести Пијатек – Игуаин – Мората: „Триаголникот“ ќе биде готов во следните 48 часа

Пијатек – Игуаин – Мората: „Триаголникот“ ќе биде готов во следните 48 часа

Трансферот на Гонзало Игуаин во Челзи е главна тема на Апенините, а тој трансфер сигурно ќе предизвика „домино ефект“ во цела Европа.

Имено, Алваро Мората е на излезна врата од „Стенфорд Бриц“ и неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е практично договорен. Меѓутоа, „сините“ го стопираат трансферот се додека не ја комплетираат зделката со Игуаин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Челзи има комплетен договор со Јувентус за позајмица на Игуаин, па се чека само зелено светло од Милан.

Во меѓувреме „росонерите“ преговараат со Џенова за трансфер на Криштоф Пијатек кој треба да биде замена за Аргентинецот на „Сан Сиро“.

Италијанските медиум пренесуваат дека сите трансфери се блиску до реализација и зделката би требало да биде комплетирана во следните 48 часа.

Пијатек во Милан, Игуаин во Челзи, Мората во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…