Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед има алтернатива за Бруно, Милан работи на продажби, Интер го чека Ериксен

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед има алтернатива за Бруно, Милан работи на продажби, Интер го чека Ериксен

И денес со Спортски следете се што се случува на трансфер пазарот!

Маурисио Покетино вчера се појави на „Сантијаго Бернабеу“ на натпреварот на Реал против Севиља и тоа беше доволна причина да започнат шпекулации (тука)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Eмре Чан започнал преговори со Евертон! Германецот не е среќен во Јувентус и сака средина во која ќе игра констатно пред почетокот на Европското првенство.

Првата понуда на Атлетико Мадрид од 10 милиони евра за Едисон Кавани беше одбиена, а сега според шпанските медиуми „јорганџиите“ се враќаат со нова. ПСЖ за услугите на Уругваецот бара 30 милиони евра.

Ако Кристијан Ериксен потпише за Интер многу веројатно Матија Весино ќе си замине. Нов клуб кој покажа интерес за овој играч е Севиљља.

Фудбалскиот сојуз на Турција одбива да ја прифати понудата од пет милиони евра за Рикардо Родригез бидејќи со тоа би се прекршил финансискиот фер плеј, а од друга страна пак на Милан му се потребни пари. Во игра е и ПСВ кој ја следи ситуацијата.

Интер ги одбил понудите на Манчестер Сити и Барселона Алесандро Бастони.

Од кога дојде Ибрахимовиќ и Пјонтек не е премногу потребен во Милан. Њукасл покажа интерес, меѓутоа полскиот напаѓач сака барем во клуб кој се бори за Лигата на шампионите.

Јунајтед веќе некое време е блиску до доведување на Бруно Фернандеш, но преговорите изгледа некаде „закочиле“. Ако Спортинг продолжи да прави проблеми „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Медисон од Лестер.

Пиоли во јануари би можел да го продаде и Лукас Пакета. За неговите услуги Милан наводно бара 35 милиони евра. Со Пакета претходно се поврзуваше ПСЖ. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо минатата година го доведе во Милан за 38.5 милиони евра.

Откако пропадна трансферот на Спинацола Интер може да го доведе Виктор Мозес. Меѓутоа за да не се повтори истиот случај, Мозес прво ќе направи лекарски прегледи во Турција.

И повторно вести за Интер. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе го комплетира трансферот на Жиру во наредните неколку дена.

Иако се поврзуваше со заминување, Томас Тухел денес изјави дека сака Лајвин Курзава да остане во ПСЖ.

„Мундо Депортиво“ објави дополнување на веста од пред неколку дена и тврди дека размена Лаказет – Лемар помеѓу Атлетико и Арсенал е можна во овој преоден рок.

Додека се чека трансферот на Бруно Фернандеш Манчестер Јунајтед преговара и со Атлетико за Маркос Љоренте. (тука)

Пред денешниот натпревар на Интер со Лече, Бепе Марота изјави дека ако Политано не замине од Интер, Жиру не може да дојде.

И онака Интер ги одбиваше понудите за Бастони. Денешниот натпревар во кој постигна гол е само потврда зошто Конте нема намера да го продаде.

Младиот талент на Вардар, Никола Серафимов се прости од црвено-црните со емотивен статус. (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…