Реал Мадрид победи против Севилја на домашен терен во Ла Лига со 2-1, па изби на лидерската позиција на табелата, а на трибините можеше да се забележи поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино, кој претходно се поврзуваше и со клупата на „кралевите“.
Покетино уживаше во големото шпанско дерби, па тој најверојатно дојде поради фудбалските возбудувања, а не поради преговори со управата на клубот како што се надеваа навивачите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот ќе чека до лето за нова работа и се поврзува со многу екипи, меѓу кои е Реал Мадрид, но тешко дека ќе добие Зинедин Зидан отказ, посебно поради подобрите резултати во последно време.
„Ова е голема победа за Реал Мадрид, Касемиро беше фантастичен“, изјави Покетино по натпреварот.