Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ гледа кон Серија А, Реал нудел три ѕвезди и пари за Нејмар, Санчез и Интер

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ гледа кон Серија А, Реал нудел три ѕвезди и пари за Нејмар, Санчез и Интер

До крајот на преодниот рок не остана уште многу, па следете на едно место што се случува и бидете во тек!

Кејлор Навас во финишот од преодниот рок сака да го напушти Реал Мадрид. Голманот испратил барање за трансфер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лукаку зборуваше за ситуацијата во Јунајтед и неговата одлука да замине.

ПСЖ се враќа по Донарума!

Ако овие најави на медиумите се точно ПСЖ одбил неверојатна понуда за Нејмар. Кралевите“ наводно ги понудиле Хамес Родригез, Кејлор Навас и Герет Бејл плус 100 милиони евра.

Ренато Санчез пред трансфер во Франција, во тимот на Лил.

ПСЖ размислува за испраќање на понуда за Пјаниќ, меѓутоа тешко е да се верува дека Јувентус пред самиот почеток на сезоната ќе се реши да продаде еден од своите најважни играчи.

Гризман тврди дека не е против доаѓањето на Нејмар.

Oфицијално: Жорж Кевин Нкуду потпиша за Бешикташ.

Трансферот на Диего Лаксалт од Милан во Аталанта би требало да биде денес официјализиран. Милан ќе добие 4.5 милиони евра.

Нови вести за Анхел Кореа и Милан. Милан не се откажува од овој фудбалер и се уште преговара со Атлетико. Според информациите разликата во она што Милан го нуди и она што Атлетико го бара е 15 милиони евра.

Наполи повеќе не се чека. „Кориере дело Спорт“ пишува дека Икарди добил ултиматум веднаш да се изјасни дали сака трансфер во Неапол

Витсел можел да заврши во Јувентус, ги поминал и леркарските прегледи, но трансферот пропаднал.

Трансферот на Санчез во Интер може да пропаде – еве зошто!

Официјално: Костас Митроглу е нов фудбалер на ПСВ!

Изненадување: Реина може во Реал Мадрид!

Како што пишуваат италијанските медиуми, Икарди и дефинитивно кажал не на понудата на Наполи. Наводно, на Ванда и се допаднала и идејата и се обидела да го убеди, но Икарди не го привлекувало играњето за Наполи.

Фенербахче испрати понуда до Марсеј за Луис Густаво, фудбалерот наводно е расположен за промена средината.

Ракитиќ останува во Барселона!

Реал Мадрид испратил човек во Париз!

Фиорентина продолжува да прави напори да го доведе Доменико Берарди од Сасуоло и се споменува сума од 32 милиони евра.

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А

Денес се пишуваше дека Кејлор Навас побарал трансфер за сега пристигнува нова вест – тој е пред трансфер во ПСЖ!

Интер испратил понуда за Видал за позајмица со право на откуп, но Барселона ја одбил таа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…