Дома Актуелно ПСЖ одби 100 милиони и три ѕвезди од Реал за Нејмар

ПСЖ одби 100 милиони и три ѕвезди од Реал за Нејмар

Францускиот шампион ПСЖ сака да го продаде Нејмар, но никако не е задоволен од понудите кои пристигнуваат на нивна адреса за Бразилецот.

Француските и шпанските медиуми пишуваат дека „светците“ одбиле понуда од Реал Мадрид, која вклучувала три фудбалери плус 100 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кралевите“ ги понудиле Хамес Родригез, Кејлор Навас и Герет Бејл плус 100 милиони евра, па се надевале дека ПСЖ ќе се согласи да им го продаде Нејмар, но од Париз пристигнал негативен одговор.

До крајот на преодниот рок има помалку од две недели, па Реал Мадрид и Барселона ќе продолжат со борбата за потписот на Бразилецот.

Во француската „Лига 1“ се одиграни првите две кола, а Нејмар уште не запишал настап бидејќи подоцна ги започна подготовките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…