Дома Трансфер зона Кејлор Навас испрати барање за трансфер до Реал Мадрид

Кејлор Навас испрати барање за трансфер до Реал Мадрид

Како што пренесува шпанска Марка, голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, побарал од челниците на клубот да замине од екипата.

Главната причина за тоа е што Навас смета дека треба да биде прв голман, додека изборот на Зинедин Зидан е Тибо Куртоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навас не сака уште една сезона да помине на клупата, па побарал да замине, а Реал наводно веќе бара негова замена.

Најголем интерес за Навас наводно покажал ПСЖ, кој веќе ги започнал преговорите за голманот на Реал Мадрид.

Кејлор Навас во Реал Мадрид дојде во 2014. година од Леванте, откако имаше одлични настапи за својата репрезентација на СП во Бразил.

Останува да видиме дали Зидан ќе ја промени својата одлука околу изборот на прв голман или ќе го пушти Навас да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …