Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден од преодниот рок!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден од преодниот рок!

0

Последен ден од преодниот рок- бидете во тек со се што се случува! Икарди е веста на денот!

Марота го „истера“ своето Икарди не оди во Јувентус – оди во ПСЖ!

Рома доведе две одлични офанзивни засилувања – Микхтаријан и Калиниќ!

Ребиќ потпишува за Милан!

Дармијан се врати во Серија А и ќе игра за Парма!

Освен со Икарди ПСЖ денес може да се засили и на голманската позиција.

Хавиер Ернандез Чичарито се сели во Севиља!

Поради повредата Киелини Јувентус се распрашувал кај катарскиот Ал Духаил да им го позајми Бенатија, но таа понуда Катарците ја одбиле. Јувентус се обиде со оваа опција откако пропадна можноста да го доведат Жером Боатенг.

Искусниот Сејду Думбија потпиша договор со швајцарски Сион.

Икарди и Ванда се спремаат за лет кон Париз.

Официјално: После Фалкао Галатасарај го доведе Марио Лемина на едногодишна позајмица.

Фламенго не успеа да го доведе да го доведе Марио Балотели, па сега се обидува со Клаудио Маркизио кој е без клуб.

После трансферот на Калиниќ, се очекува и официјална потврда за трансферот на Патрик Шик во Лајпциг.

ПСЖ ја заврши работата и со Кејлор Навас – голманот пристигна во Париз.

Шахтјор ја одби понудата од Милан за Бразилецот Тајсон. „Росонерите“ испратија понуда од 20 милиони евра, но Украинците ја одбија понудата.

Фудбалерот од кој некогаш фудбалската јавност многу очекуваше, Вилфред Бони се наоѓа на лекарски прегледи во Брајтон и ако ги помине ќе потпише договор.

Oткако му пропадна трансферот во ПСЖ Рафаел Гереро ќе го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до 2021 година.

Официјално: Начо Монреал е нов играч на Реал Сосиедад.

Играчот на Челзи Кенеди сезоната ќе ја помине како позајмен играч во Шпанија во редовите на Гетафе.

Потсетување каде во колку завршува трансфер периодот:

Бундес лига – 18:00

Серија А – 20:00

Португалска лига – 24:00

Лига 1 Франција – 24:00

Ла Лига – 24:00

Официјално: Аталанта го доведе Симон Кјаер на позајмица.

Фиорентина во последните моменти од преодниот рок се обидува да го ангажира трансферот на Сандро Тонали кој во Италија носи прекар „новиот Пирло“.

Официјално: После неполн месец од кога потпиша Шкртел го раскина договорот со Аталанта.

Откако му пропадна трансферот во Валенсија, Барселона го испрати Рафиња на позајмица во Селта Виго.

Батшуаи не е во плановите на Лампард и цело лето се поврзуваше со заминување, а еве што порача во последниот ден од преодниот рок…

Официјално: Кореецо Хванг Сон Хан премина од Каљари во Јувентус за пет милиони евра. Овој трансфер беше најавен од поодамна. Кореецот ќе тренериа со првиот тим, но не е исклучена можноста да одигра неколку натпревари за тимот до 23 години на Јувентус.

Ванда допатува во Париз!

Мустафи може да биде решение за проблемите на Јувентус!

Иако имаше некои проблеми Андре Силва сепак ги помина прегледите во Ајнтрахт и сега се чекаат официјални потврди и за него и за Ребиќ во Милан.

Нејмар не завршил во Барселона затоа што Ал Келаифи барал – 300 милиони евра.

Официјално: Кејлор Навас е нов голман на ПСЖ!

Официјално: Андре Силва е нов фудбалер наАјнтрахт Франкфурт. Португалецот доаѓа на едногодишна позајмица од Милан со право на откуп за 25 милиони евра.

18:00, ЗАТВОРЕН ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ ВО БУНДЕСЛИГАТА!

Oфицијално: Ареола нов голман на Реал Мадрид.

Еве ја потврдата за Патрик Шик. Лајпциг успеал да ја комплетира позајмицата од Рома.

Од Милан официјална потврда се уште нема, но трансферот на Ребиќ е регистриран во лигата, па така може да го сметаме за завршен. Сепак за да бидеме 100% ја чекаме потврдата на Милан.

Маријано Диаз се поврзуваше со повеќе клубови, сепак на крајот ќе остане во Реал Мадрид.

Официјално: Луис Густаво е нов играч на Фенербахче.

Икарди ги поминал прегледите во ПСЖ! Официјална потврда треба да имаме во секој момент.

Официјално: Никола Калиниќ е нов играч на Рома.

Официјално: Гранада и плати на Рома 1.7 милиони евра за позајмица на Максим Гоналон. За откуп на неговиот договор ќе треба да платат 4.5 милиони евра.

Официјално: Рома го потврди и трансферот на Микхатријан.

Селта се откажа од Хесе Родригез. Родригез ќе му стане соиграч на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон.

Икарди пристигна потпис!

E сега нема повеќе дилеми – пристигна и потврдата од Милан за Анте Ребиќ.

Најавите дека Јувентус може да тргне по Мустафи кои ги пласираа медиумите на Островот се покажаа дека се само шпекулации. Јувентус нема да доведе замена за Киелини.

Официјално: Алесндро Матри е нов играч на Бреша.

И КОНЕЧНО! НА ЕДЕН ЧАС ПРЕД ПОЛНОЌ ПСЖ ГО ПОТВРДИ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСФЕРИ ОВА ЛЕТО – ИКАРДИ ПОТПИША!

Со оваа информација воедно и ставаме крај на рубирката „Трансфери во живо“ се до зимскиот преоден рок. Се надеваме успеавме навремено да ве известуваме за сите случувања на трансфер пазарот ширум светот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок на тренингот на Баерн: Ковач помислил дека ѕвездата на тимот добил срцев удар! (ФОТО)

На тренингот на Баерн Минхен утрово имало шокантен момент кога многумина помислиле дека ѕв…