Дома Топ вести „Марка“ открива за колкава сума Реал Мадрид ќе го купи Азар

„Марка“ открива за колкава сума Реал Мадрид ќе го купи Азар

Белгискиот репрезентативез и играч на Челзи, Еден Азар неодамна го прослави 28-тиот роденден, а изгледа неговата голема желба конечно ќе стане реалност.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанска „Марка“ го потврди она што веќе долго време се најавуваше – Азар одбил продолжување на договорот со Челзи и ги договорил личните услови со Реал Мадрид.

Челзи е во незгодна позиција бидејќи Азар на лето влегува во последната година од договорот, па на крајот на следната би можеле да го изгубат бесплатно. Поради тоа многу повеќе им се исплати да го продадат за 112 милиони евра.

Азар на тој начин ќе направи нешто слично како и Тибо Куртоа кој пред истекот на договорот премина во Реал Мадрид за 35 милиони евра.

Белгиецот за Челзи одигра 327 натпревари, постигна 101 погодок и запиша 85 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=Ccfm-oLcGmo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…