Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Елмас е играч на Наполи, Милан сруши трансфер рекорд, Јувентус спреми понуда за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Елмас е играч на Наполи, Милан сруши трансфер рекорд, Јувентус спреми понуда за Нејмар

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Вест на денот е секако трансферот на Елиф Елмас во Наполи. Фенербахче ја потврди зделката, а Македонецот денес треба и официјално да стави потпис на 5-годишен договор. (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


-Официјално: Набил Фекир го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Бетис (ОВДЕ).

-Наполи спрема трансфер „бомба“. Тимот ќе се сврти кон ѕвездата на Лил, Николас Пепе чија цена во моментов изнесува 70 милиони евра. Наполи е спремен да понуди 60 милиони плус услугите на Онас.

-БОМБА: Јувентус спреми понуда за Нејмар и му нуди спектакуларна трампа на ПСЖ (ОВДЕ).

Елмас пристигна во Италија на лекарски прегледи, а потоа и офцијално ќе стане нов ирач на Наполи.

-ГОТОВО: Милан го договори најскапиот трасфер во своајта историја. „Росонерите“ ќе платат 50 милиони евра за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа (ОВДЕ).

Иван Ракитиќ и официјално потврди дека сака да остане во Барселона (ОВДЕ).

-Падна договор: Дани Себаљос се сели на едногодишна позајмица во Арсенал. Шпанецот треба да пристигне на лекарски прегледи во Лондон (ОВДЕ).

– Агентот на Бејл категорично изјави дека Велшанецот нема да се сели на позајмица. Може да го напушти Реал Мадрид само доколку пристигне добра понуда.

-Антонио Конте не се откажува од Ромелу Лукаку и спрема нова понуда до Манчестер Јунајтед во која ќе биде вклучен и Иван Перишиќ (ОВДЕ).

Исмаил Бенасер ги помина лекарските прегледи и денес ќе стави потпис на петгодишен договор со Милан.

-Реал Мадрид и Јувентус ги спремаат последните понуди за Пол Погба. Се чека одлука на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

-Бетис не го повика Џовано ло Селсо на турнеја со остатокот од тимот. Аргентинецот е многу блиску до трансфер во Тотенхем.

-Рома не се откажува од Сусо, но Милан не попушта и бара 40 милиони евра. „Волчицата“ изминатите денови испрати неколку понуди во кои беа вклучени Нзонзи и Шик, „Росонерите“ ги одбија и сакаат само кеш помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…