Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт и Јувентус – завршено е! Елмас и Трајковски можат во Серија А, Јунајтед се враќа по Савиќ

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт и Јувентус – завршено е! Елмас и Трајковски можат во Серија А, Јунајтед се враќа по Савиќ

1

И денес сме тука да следиме се што се случува на трансферот пазарот, а ако им веруваме на холандските медиуми денес би можеле да добиеме голема потврда.

– Главна вест од утрово е веста дека Јувентус и Ајакс конечно се договориле за Де Лихт наскоро би можеле да добиеме и потврда! (ОВДЕ)

– Овие денови многу се пишува и за потенцијалниот трансфер на Елиф Елмас во Наполи, Де Лаурентис (претседателот на Наполи) потврди дека клубот од Неапол води преговори за ангажман на македонскиот бисер. (ОВДЕ)

– Во Јунајтед се уште преговараат со Лестер за ангажман на Хари Мегваер (ОВДЕ)

– Италијанскиот новинар Алфредо Педула кој вчера објави дека Александар Трајковски е пред трансфер во Спортинг Лисабон денес најавува можен пресврт затоа што интерес за Трајковски покажал и Милан. (ОВДЕ)

Кошчиелни не патува на припремите со Арсенал, ова значи дека одучил да ја промени средината! (ОВДЕ)

– Интерес за Гонзало Игуаин од кој Јувентус се обидува да се ослободи на сите начини сега покажал англиски Вест Хем. (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед повторно се обидува да дојде до по потпсиот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, на Островот пишуваат дека понудата е веќе спремна. (ОВДЕ)

– Откако првата беше одбиена, Арсенал испраќа уште една понуда за Заха. Ќе потсетиме братот на Заха отворено порача дека неговиот брат сака да се пресели во Арсенал. (ОВДЕ)

– Фиорентина наводно размислува за Гари Медел од Бешикташ. Бешикташ за Медел бара сума од шест милиони евра. Овој фудбалер во Италија го носеше дресот на Интер.

– Договорот на Рикардо Монтоливо со Милан истече, а фудбалерот сега добил понуда од италијанскиот второлигаш Кременоесе.

Душан Тадиќ за Де Лихт: Не сме разговарале за проблемот со трансферот (преговорите помеѓу Ајакс и Јувентус). Знам дека додека е играч на Ајакс тој ќе даде се од себе за клубот. Акој замине ќе ни недостасува“.

Гери Кејхил остана без клуб и во овој момент како најсериозни кандидати за неговиот потпис се Астон Вила и Лидс.

– Официјално: Порто го врати Иван Маркано од Рома!

– Плаќањето на клазулата од страна на Барса за Гризман веројатно е само прашање на време. Денес се појави вест во каталонските медиуми дека Барселона поради безбедносни причини нема да го претстави Гризман на „Ноу Камп“ туку само во просториите на клубот. (OВДЕ)

– Официјално: Барселона го купи 16 годишниот Луи Бери од Вест Бромвич.

– „ЕСПН“: Ромелу Лукаку му потврдил на Солскјер дека сака да го напушти клубот и покрај барањето на Норвежанецот да остане во клубот.

– Каталонскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека Ливерпул е заинтересиран за Кутињо, меѓутоа не се исклучува можноста ова да е само обид на медиумите во Каталонија да ја подигнат цената на Бразилецот.

– Пред било кој напаѓач да пристигне во Рома, а засега најмногу се споменуваат Игуаин и Маријано Диаз од Реал, Патрик Шик мора да си замине од Рим,

– Легендарниот уругвајски фудбалер Себастијан Абреу потпиша за локалниот Бостон Ривер. Овој играч е посебен затоа што ова е негов 29-ти клуб во кариерата.

– Oва се најскапите 11 до овој момент од преодниот рок.

– Договорено: Интер го продаде Јан Карамо на Парма. Нероаѕурите“ ќе заработат 13 милиони евра! (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ и дел од италијанските медиуми објавија дека Рома го зголемува интересот за Тоби Алдервилд од Тотенхем.

– ЛЕГЕНДА! Јапонецот Накамура и на 41 година продолжува да игра фудбал. Овој ветеран потпиша договор со тимот на Јокохама, а Европа го памети по неговите настапи во дресот на Селтик.

Мончи од Рома премина во Севиља, а сега во Севиља ќе се обиде да го доведе играчот на Рома, Алесандро Флоренци. „Волчицата“ очекува од неговата продажба да заработи околу 30 милиони евра.

– Пари Сен Жермен покажал сериозен интерес за младиот италијански талент Сандро Тонали и за него се спремни да понудат 25 милиони евра.

– Нови информации за Кошчиелни. Капитенот на Арсенал наводно се договорил со француски Бордо. Но тој има важечки договор со Арсенал до следното лето и ќе мора прво да се реши таа ситуација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тотенхем на чекор од две големи засилувања

Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, стану…