Дома Фудбал Сагата околу Матијас де Лихт е завршена!

Сагата околу Матијас де Лихт е завршена!

Сагата околу трансферот на холандскиот стопер Матијас де Лихт е конечно завршена.

Така барем тврдат холандските медиуми, кои пренесуваат информација дека Ајакс и Јувентус постигнале договор за трансфер на овој 19-годишен фудбалер.

Де Лихт претходно ги договори личните услови со торинскиот великан. Преостана да се договорат тимовите, кои преговори конечно завршиле успешно, а тимот од Амстердам ќе заработи 75 милиони евра.

Дефанзивецот како нов фудбалер на Бјанконерите ќе биде претставен во наредните 48 часа, а во наредните часови ќе стигне официјална потврда на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од седум гола до осум меча суша: Торес заглави во ПСЖ

Феран Торес блесна на почетокот во Париз, но голгетерскиот ритам целосно исчезна. Неговите…