Дома Фудбал Солскјер во завршни преговори со уште еден одличен дефанзивец

Солскјер во завршни преговори со уште еден одличен дефанзивец

Иако не успеа да обезбеди пласман во ЛШ, Манчестер Јунајтед прави силна екипа за наредната сезона.

Се уште не е позната судбината на Пол Погба, но нормално и во случај на продажба има неколку алтернативи за него.

Сепак, се чини дека Солскјер најпрвин сака добро да ја засили одбраната, па после доаѓањето на Ван Бисака во Јунајтед ќе пристигне уште еден дефанзивец.

Како што јавува Скај Спорт, Јунајтед веќе некое време преговара со Лестер за Мегваер, а преговорите наводно сега се во завршна фаза.

Иако самиот играч преферираше трансфер во Манчестер Сити, екипата која од клупата ја предводи Пеп Гвардиола не е спремна да ја плати бараната сума за неговиот потпис.

Но, за тоа е спремен Јунајтед, кој за услугите на овој одличен дефанзивец мора да издвојат 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…