Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса тргнува по засилување од Баерн, Кутроне може во Англија, Рома и Јувентус се договориле

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса тргнува по засилување од Баерн, Кутроне може во Англија, Рома и Јувентус се договориле

Следете се што се случува на трансфер пазарот на едно место! 

– Утрово Јувентус го претставија Матијас Де Лихт кој во Торино ќе го носи дресот со број 4. (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– „Мундо Депортиво“: Давид Алаба во Барселона? Можно е! (ОВДЕ)

– Една убава приказна ни доаѓа од Билбао. Јери Алварез потпиша договор на седум години со клубот од Баскија откако два пати го победуваше ракот. (ОВДЕ)

– Официјално: Бока Јуниорс го доведе ветеранот од Бенфика, Салвио. Следен кој треба да пристигне во Бока е Даниеле Де Роси, неговото пристигнување се очекува утре.

Езекиел Лавеци самиот се понудил на Торино, но калчолигашот ја одбил таа можност. Лавеци сака да се врати во Европа и ќе побара друга опција. (ОВДЕ)

– Вулверхемптон ќе се обиде да го ангажира на паѓачот на Милан, Патрик Кутроне. Клубот од Премиер лигата наводно е спремен да понуди 22 милиони фунти.

– Jувентус и Рома постигнале договор за Игуаин! (ОВДЕ)

– Неколку дена се тврдеше дека трансферот во Бетис на Набил Фекир е завршена работа, но сега се пишува дека Фекир одлучил малку ги успори преговорите и да почека подобра понуда од онаа на шпанскиот клуб.

– Toтенхем за Ло Селсо уште еднаш го руши клупскиот рекорд! (ОВДЕ)

Фернандо Љоренте е желба на: Вест Хем, Лацио, Фиорентина, Аталанта…Меѓутоа не се исклучува можноста Тотенхем да му понуди нов едногодишен договор.

– Утре Интер и Манчестер Јунајтед ќе играа пријателски натпревар, а за овој натпревар нема да конкурира Ромелу Лукаку. Ова е уште еден доказ дека Белгиецот е се поблиску до заминување. Иако се пишуваше дека италијанскиот тим може да се насочи кон Кавани, сепак постои можност „нероаѕурите“ да го почекаат уште десетина дена.

– Официјално: Саломон Рондон и Бенитез повторно заедно во кинескиот клуб Далијан Џифанг.

БОМБА: Атлетико тргнува по Кристијан Ериксен! (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ пренесува дека Наполи се вклучува во трката за Николас Пепе од Лил кој е мета на неколку европски гиганти.

Фреди Гураин го раскина договорот со Шангај и сега е слободен играч. Колумбиецот би можел да се врати во Европа интерес за него покажува Џенова.

„Газета“: Манчестер Јунајтед започнал преговори со Паоло Дибала! (ОВДЕ)

Мендеш го носи Кореа во Милан (ОВДЕ)

Конте отворено побара засилувања (ОВДЕ)

– Ajакс ја доведе заменазата за Де Лихт, тоа е Едсон Алварез од Клуб Америка.

– Toтенхем беше фаворит за Џовани Ло Селсо, но сега новинарот кој важи за добро упатен со случувањата во Баерн, Кристијан Фалк пренесува дека Баерн се вклучува во трката да го доведе.

– Валенсија на „Местаља“ би можела да го врати Николас Отаменди. За овој трансфер да се реализира играчот треба да прифати драстично намалување на платата.

– Некои каталонски медиуми пренесуваат дека Наполи покажал интерес за Малком, меѓутоа клубот од Неапол нема да има шанси, ако ПСЖ изрази желба Малком да биде вклучен во потенцијалниот трансфер на Нејмар.

– Јувентус му нуди пари на Игуаин само да си замине! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…