Дома Фудбал Италија Конте бесен на Интер: Тешко е да се работи без напаѓачи!

Конте бесен на Интер: Тешко е да се работи без напаѓачи!

Тренерот на Интер, Антонио Конте е лут на раководството на клубот, бидејќи не е задоволен од трансферите и неисполнетите ветувања кои му биле дадени.

Еден од главните проблеми за Конте е трансферот на Ромелу Лукаку. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед беше близу до преминувањето на „Сан Сиро“, но во последно време веројатноста за трансфер се намалува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нераѕурите“ не се подготвени да платат 75 милиони фунти, кои ги бараат од „Олд Трафорд“. Последните две понуди од Интер беа експресно одбиени, бидејќи Јунајтед не прифаќа формула со позајмица и задолжителен откуп.

Последните информации се дека италијанското раководство почнало да бара поевтини опции за централен напаѓач и се свте кон Едисон Кавани.

Конте е исклучително незадоволен од фактот дека трансферите се одложени затоа што сакал да се потпре на новите играчи за азиската турнеја. Клубот се уште не може да најде купувачи за играчите на кои нема намера да се смета во новата сезона, вклучувајќи ги Мауро Икарди, Раџа Наинголан и Жоао Марио.

„Знаете дека ми се допаѓа Ромелу Лукаку уште од кога работев во Челзи, но тој сега е играч на Јунајтед. Ја знаете ситуацијата, ќе видеме што ќе се случи. Утре имаме важен натпревар, тешко е да се работат подготовки без напаѓачи“, изјави Конте и потврди дека Икарди и Наинголан не се во плановите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…