Дома Фудбал Тој преговарал за трансфер во Барселона, а жена му помислила дека ја изневерува

Тој преговарал за трансфер во Барселона, а жена му помислила дека ја изневерува

Мартин Брајтвајт пристигна во Барселона во февруари како замена за повредениот Луис Суарез.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Данскиот напаѓач пристигна поради големата криза која ја имаше Барселона со напаѓачите, а платен на Леганес беше 18 милиони евра.

Брајтвајт долго преговарал со каталонскиот гигант, а поради бројните разговори сопругата помислила дека ја изневерува.

„Имав бројни разговори, но на никого не му кажав, дури ниту на сопругата. Почна да се сомнева дека нешто се случува и дека ја изневерувам бидејќи секогаш излегував надвор кога зборував на телефон“, изјави Данецот.

На крајот сепак се се дознало, а данскиот напаѓач го потпишал напаѓачот на животот.

Во досегашниот дел од сезоната тој одигра три натпревари и немаше некој учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Барселона, ниту Јунајтед: Еве каде Рашфорд може да игра следната сезона!

Маркус Рашфорд моментално игра за Барселона како позајмен играч од Манчестер Јунајтед и им…