Дома Топ вести Тотенхем не попушта, не го пушти Кејн ниту за 100 милиони евра

Тотенхем не попушта, не го пушти Кејн ниту за 100 милиони евра

Претставниците на Тотенхем и на Баерн Минхен не успеаја да се договорат за трансфер на Хари Кејн  на „Алијанц Арена“, пренесуваат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Британските медиуми објавија дека челниците на Баерн се подготвени да платат околу 100 милиони евра за Кејн, но до договор не дојде откако раководството на Тотенхем побара 115 милиони евра за англискиот репрезентативец.

„Скај Спорт“ пренесува дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, повторно се покажал како тежок преговарач и упорно ги одбива понудите на Баерн, иако Кејн влезе во последната година од договорот.

Напаѓачот има договор со Баварците и инсистира да се пресели во германскиот клуб, но Тотенхем не попушта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…