Дома Фудбал Тотенхем е највредниот клуб во Англија

Тотенхем е највредниот клуб во Англија

Премиерлигашот Тотенхем е највреден клуб во Англија според најновото истражување направено од финансиски експерти на Универзитетот во Ливерпул.

Вредноста на Тотенхем во однос на минатата година е зголемена за 700 милиони фунти и изнесува 2,6 милијарди фунти. Потоа следуваат клубовите од Манчестер, вредноста на Сити изнесува 2,2 милијарди додека Јунајтед вреди 2,1 милијарди фунти.

Потоа следуваат Ливерпул, Арсенал и Челзи, а големата „седумка“ ја комплетира Вулверхемптон.

„Тотенхем е на врвот бидејќи минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони, а буџетот за плати на тимот не надминува 150 милиони фунти. Притоа, клубот изгради сопствен стадион“, изјавија од Универзитетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…